Златно млеко
Вкусен млечен пијалок, кој може да биде одлична припрема за сладок сон или солиден антиинфламаторен пијалок за спортисти.
- 200 мл млеко
- 1/2 лажичка куркума
- 1/8 лажичка цимет
- 1 лажица кокосово масло
- 1 лажица мед
1. Постапката е многу едноставна. Млекото се загрева со куркумата и циметот, но не да проврие, само да се смлачи.
2. Се додава медот и кокосовото масло и убаво се промешува за да се растопат.
3. Се трга од оган и се служи во вашата омилена шолја за чај или млеко.
Прочитајте за полезностите на куркумата на овој ЛИНК
Златно млеко пробавме и во веганска варијанта со замена од бадемово млеко и лажица агаве сируп и гарантирано беше подеднакво добро.