Лек од домашната аптека

Здравје во лажичка

Една лажичка јаболков оцет во чаша со вода ќе ви дојде како кец на десетка во следните ситуации…

СТОМАЧНИ ТЕГОБИ

Јаболковиот оцет со своето благо антибактериско дејство е одличен кај проливи предизвикани како резултат на инфекција. Исто така содржи и пектини кои го ублажуваат цревните грчеви. Само растворете една до две лажички оцет во 200 мл вода.

ИКАЊЕ

Некои велат дека икањето може да се сопре благодарение на киселоста на оцетот. Дозата е иста како претходно. И да нема фајде од овој лек, нема ни штета.

ПОДУЕНОСТ

Ако обожавате да јадете храна за која подоцна редовно се каете обидете се со овој народен лек да си ја олесните дигестијата и да ја спречите подуеноста од тешката храна. Половина час пред јадење испијте чаша вода со лажичка јаболков оцет и лажичка мед.

БОЛНО ГРЛО

Ако почувствувате сувост и пецкање во грлото, можете веднаш да делувате. Во киселата средина бактериите тешко опстануваат, па затоа можете слободно да испирате со јаболков оцет помешан со вода во однос 1:1.

ИСЦРПЕНОСТ

После напорно вежбање, мускулите се исцрпени како резултат на насобраната млечна киселина. Но се смета дека јаболковиот оцет заради својот ензимски состав го убрзува отстранувањето на млечната киселина и го отстранува заморот.

Домашен јаболков оцет може да направите многу едноставно, се што ви е потребно се органски непрскани јаболчиња, голем стаклен сад и малку трпение додека да скисели. За повеќе детали проследете го нашиот рецепт за домашен јаболков оцет на следниот ЛИНК

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија