#Здрава машкост

Еректилна дисфункција (ЕД), или како што се нарекува, машка импотенција, претставува нарушување на сексуалниот живот кај мажите поради неможност да постигнат или да одржат ерекција задоволителна за сексуален однос.

Како да се спречи појава на еректилна дисфункција?

Испитувањата покажуваат дека околу 10% од машката популација се соочува со овој проблем, иако реалниот процент може да биде и многу поголем, затоа што мажите ретко зборуваат за ова дури и со лекар. Ова е проблем со кој може да се живее, но значително го нарушува квалитетот на живот кај мажот и неговата самодоверба, а не ретко влијае и на партнерските односи и на семејството. 
 

Еректилната дисфункција е проблем за којшто треба да се зборува за да може да се реши!

Многу мажи одбиваат да признаат дека имаат еректилна дисфункција и да побараат лекарска помош или помош од терапевт заради предрасуди и страв од осуда од општеството. Ова е сосем погрешен пристап. Иако еректилната дисфункција првично е проблем на мажот, таа може да влијае и на партнерските односи, но и на можност да се зачне и да се основа семејство. Машката импотенција се доживува како загуба на машкоста, поради што секое отворање на разговор на таа тема кај мажите предизвикува дополнителен стрес и создава пречки во решавање на проблемот. Како и кај секој систем во човековиот организам, и репродуктивниот систем може да заболи и многу е нормално во таква ситуација да се побара помош од стручно лице. 

Кои се причините за еректилна дисфункција? 

Причините за еректилна дисфункција може да бидат од органска и од психолошка природа. 

Органските причини се поврзуваат со заболувања кај најразлични органи на човекот, како што се болести на простата, заболување на крвните садови и срцеви проблеми, дијабетес, хормонални проблеми и слично. Психолошките причини, пак, се поврзуваат со стрес на работното место, стрес во семејството, анксиозност и депресија итн. 

Консултација со уролог може да даде одговор на прашањето која е причината за настанување на еректилна дисфункција. Во случај на појава на симптомите, преглед кај лекар би требало да биде првата работа што ќе се направи.

Како да се намали можноста од појава на еректилна дисфункција?

Можноста за појава на еректилна дисфункција може да се намали со преземање мерки за здрав начин на живот, како што се здрава исхрана, намалување на телесната тежина, престанување со пушење, избегнување стрес и слично.

Додатоците во исхраната на природна база, кои содржат витамини и минерали можат значително да го намалат процентот на појава, но и да помогнат при лекување на еректилната дисфункција. Кај нас, најпознат е „Алвопрост“, природен препарат за здрава машкост. Се користи како диететски додаток во исхраната за подобрување на функцијата на простатата, подобрување на сексуалната функција, спречување на еректилна дисфункција, и подобрување на функцијата на уринарниот тракт.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија