Рипката не била златна туку железна!

Парче железо во форма на риба може да биде решение за еден глобален здравствен проблем…

Во неразвиените земји дефицитот на основни и есенцијални елемнти во исхраната е честа појава. Недостатокот на железо и феродефицитната анемија од друга страна е проблем што ја тресе не само оваа средина, туку и развиените земји.

Исхраната богата со легуминози, месо и зеленчук придонесува за покачување на нивото на железо во крвта. Готвењето во железен сад исто така ја збогатува храната со елементарно железно, но во сиромашна земја како што е Камбоџа, каде заработката изнесува помалку од 1 долар на ден, овие ставки се сериозно оптеретување на буџетот.

Барајќи решение за проблемот, еден здравствен работник од Канада д-р Кристофер Чарлс, ја создал „среќната железна рипка“. Дадената форма е заради верувањето на локалното население дека рибата носи среќа.

При варење на чорба или супа, во тенџерето се додава и „рипката“, а потоа во садот се цеди еден лимон заради подобрување на апсорпцијата. Повеќе годишното истражување покажало дека крвната слика на населението е подобрена, а инциденцата на анемија намалена.

Прекрасно решение на глобален проблем и идеја која дефинитивно вреди да се сподели и поддржи… 

Погледнете повеќе во видеото

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија