Комерцијална објава

Протеините не дебелеат – вистина или мит?

Повеќето луѓе што сакаат да се ослободат од вишокот килограми намалуваат внес на јаглехидрати и масти во исхраната, но зголемуваат внес на протеини. Но, некои почнуваат да јадат протеини во неограничени количини. Колку е тоа всушност добро за вашето тело?

ЗОШТО СЕ ПРОТЕИНИТЕ ДОБРИ ЗА НАС?

Бидејќи протеините се разградуваат поспоро од јаглехидратите, чувството на ситост во организмот после јадење е подолго отколку само да јадеме јаглехидрати. Протеините помагаат во процесот за слабеење, со тоа што не ги намалуваат мускулите кои се важни за правилно функционирање на нашиот метаболизам. Освен тоа, кога ќе се одлучиме да го зголемиме количеството на протеин во исхраната, тоа истовремено значи и помал внес на “junk food” и рафинирани јаглехидрати во телото.

Меѓутоа, и со внес на протеини може да се претера. 

Факт е дека протеинот содржи калории – во 1гр протеин има 4 калории. Според тоа, доколку неограничено се внесува протеин, многу лесно може да дојде до калориски суфицит. Не е важно што во прашање се само протеини, тие нема да го спречат дебелеењето заради голем внес на калории.

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ВИШОКОТ ПРОТЕИНИ ВО НАШЕТО ТЕЛО?

Протеините се навистина добри за нашето тело, но поголемата количина на протеин во телото не значи и дека е поголема корист. Ако јадете повеќе протеини (значи и калории) отколку што би потрошиле во текот на денот, вишокот на протеини ќе се претворат во масти. 

Протеините во нашето тело се разградуваат на аминокиселини и амонијак. Останува уште некоја мешавина која се претвара во глукоза. Глукозата му користи на нашето тело за енергија, но доколку телото има доволно глукоза и нема повеќе простор за потхранување во облик на гликоген во нашите мускули и јетра, вишокот ќе се потхрани во облик на масни наслаги.

Токму затоа многу е важно да не се претера со протеините. Треба да знаеме колкава калориска вредност ни е потребна секојдневно со цел да го направиме дневното мени да содржи 35% калории кои ќе се сочинуваат од протеини. Што се однесува на калориите, жените секојдневно треба да внесуваат помеѓу 1600 и 2400 калории, додека мажите помеѓу 2000 и 3000 калории. Доколку сакате да изгубите вишок масни наслаги, внесот на калории треба да се намали за 250 до 400 калории дневно. Доколку сакате да спречите претерано успорување на метаболизмот, мајте во предвид дека жените никако не смеат да го внесуваат помалку од 1200 калории, а мажите не помалку од 1800 калории. 

КОЛКУ ПРОТЕИН НИ Е ПОТРЕБНО ДА ВНЕСУВАМЕ? 

За оптимално здравје се препорачуваат 0.8 гр протеин по килограм телесна маса. Тешко е да се одреди идеален дневен протеински внес бидејќи тој зависи од многу фактори како исхрана, ниво на активност, здравје, старост итн. Со денешниот активен начин на живот станува се потешко да се внесе потребна количина на протеин преку исхрана и поради најефективен начин е да се користи суплементација. Постојат повеќе типови на протеински суплементи кои одговараат на различни потреби. И се разбира, еден од најважните моменти е да се внесуваат оргинални производи.

Протеин за намалување на масти и зголемување мускулна маса

За луѓе кои намалуваат масти но сакаат да ја зголемат и одржуваат мускулната маса Polleo Sport експертите препорачуваат хидролизиран протеин од сурутка. Овој тип на протеин има најголема чистина (до 90%) и е протеин кој е најбогат со аминокиселините BCAA и Glutamine кои се најзастапени и најважни за мускулите. Протеинот е погоден и за луѓе кои се нетолерантни на лактоза бидејќи е со толку висока чистина и лактозата, јаглехидратите и мастите се среќаваат во количини помали од 1 грам. Исто така овој тип на протеин има најголема брзина на апсорбција (макс 15мин) и е идеален за после тренинг за потикнување раст и одржување.

– ON Platinum Hydrowhey, MVP Iso Muscle, Scitec Hydrolyzed Whey Protein.

Протеин за тренинзи со висок интензитет 

За луѓе чија активност вклучува висок интензитет и експлозивни тренинзи (crossfit, MMA и слични активности) Polleo Sport ескпертите препорачуваат протеин со малку поголема калориска вредност поради зголемената потреба за енергија и сила. Иделни суплементи во овој случај се блендови на повеќе типа од протеини од сурутка или говедски протеини кои се побогати со аминокиселините метионин, глицин и аргинин кои потоа природно оформуваат во телото креатин кој е супстанца која докажано го зголемува експлозивниот перформанс.

– BSN Syntha 6 Edge, Gold Whey Standard, 100% Beef Concentrate, 100% Whey Professional

Протеин како дел од заменски оброк и endurance спортови

За луѓе кои сакаат да намалат масти преку високо протеинска исхрана или сакаат протеин кој ќе им помогне во endurance спортови како што се (маратонско трчање, пливање, триатлон и сл) Polleo Sport експретите препорачуваат споро апсорбирачки протеини како што се млечните протеини казеини или блендови од млечни протеини и протеини од сурутка. Млечните протеини казеини се апсорбираат 6 – 8 часа и даваат големо чувство на ситост како заменски оброк и ја обновуваат и јакнат мускулатурата за време долги маратони.  

– ON Micelar Casein, Scitec Casein Complex, Fourstar Protein, Gold Whey Standard.