Комерцијален текст

Вегетаријански протеин од грашок

Конечно протеин за сите кој што може да го најдете во маркетите на БИОкулт.

Направен со процес на екстракција и пречистување на протеинот од грашок со концентрација на 82% во овој производ. Овој вегетаријански извор на протеини е лесен за варење и не содржи млеко или јајца, а може да се спореди со најдобрите протеини од животинско потекло.

Има одличен состав на аминокиселини, богат е со леуцин, изолеуцин, валин што помагаат да го задржите мускулното ткиво за време на вежбањето и е побогат со аргинин од било кој друг комерцијално достапен протеин. Содржи глутамин кој помага да го вратите вашиот баланс по интензивниот физички напор и лизин кој обезбедува здрави коски. Се препорачува за оние кои редовно вежбаат, ја зголемува енергијата и го забрзува опоравувањето на мускулите после тренинг.

Протеинот од грашок не е алерген, и затоа е сигурна алтернатива за луѓето алергични на млеко и млечни производи, како и за вегетеријанците алергични на соја. Природен, без холестерол, без глутен, без ГМО.

Протеинот од грашок е незасладен и е одличен додаток за во супи, мусли, шејкови и слично.

Да спортисти, вашата енергија ќе биде на одлично ниво и ќе го забрза опоравувањето на вашите мускули после тренингот.

Но придобивките од грашокот не се само горенаведените, тој го подржува целиот наш организам и тоа во:
Регулирање на крвниот притисок;
Го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања;
Го намалува ризикот од појава на рак на желудник.

А некои го користат и за слабеење, бидејќи го ублажува апетитот и ја намалува потребата за слатко.

Автор

BIOkult

Скопје

Македонија