Најдоброто од пробиотиците – LACTOFLOR пробиотици за целото семејство

Пробиотиците задолжителни за доброто здравје

Пробиотиците се специјално култивирани добри бактерии кои го одржуваат здравјето и животната способност на човечкиот организам.

Општата здравствена состојба на организмот во голема мера зависи од состојбата на добрите бактерии во стомачно-цревниот систем и нивната можност да ги контролираат лошите бактерии и да го помагаат усвојувањето на хранливите материи од храната. Ја помагаат перисталтиката и функционирањето на цревата. Покажуваат позитивно влијание врз имунолошкиот систем, при кожни проблеми и алергии.

Лошата исхрана, неквалитетната вода за пиење, стресот, долготрајното лечење со антибиотици, бактериските и вирусните инфекции се дел од многубројните причини поради кои доаѓа до нарушување на добрите бактерии со што се овозможува ширење на лошите (штетните цревни) бактерии. Добрите бактерии или пробиотиците се основниот дел од корисната бактериска флора. Како живи микроорганизми произведуваат биолошки активни супстанци кои дејствуваат позитивно и здраво на целиот организам, позитивно влијаат врз имунолошкиот систем, помагаат при диареја, го потиснуваат процесот на трулење на цревата и помагаат за воспоставување на цревната микроба, ја помагаат перисталтиката и функционирањето на цревата, благопријатно влијаат при стомачни проблеми, влијаат за намалување на ризикот од остеопороза и реуматски артрит и влијаат благопријатно при кожни проблеми и алергии, го подобруваат хранливиот биланс со што ги осигуруваат неопходните аминокиселини и природни витамини.

Хранопроводниот систем е дом на повеќе од 500 различни вида на бактерии. Тие се поделени на три основни групи на микроорганизми: патогени (кои предизвикуваат болести), условно – патогени (кои во нормални услови не се во состојба да предизвикаат заболување, но при нарушен имунитет може да предизвикаат заболувања и добри бактерии (влијаат благопријатно врз организмот).

Пробиотиците не можат во целост да ја заменат цревната флора, но можат да помогнат за развој на добрите бактерии кои го одржуваат балансот и да му помогнат на човекот да биде поздрав, поубав и посреќен.

Дали сите пробиотици се исти?

Не, различни штамови на лактобацили имаат различни пробиотична карактеристика и целосно различни способности за заздравување и репродукција во кога се наоѓаат во  “непријателска средина” во стомачно-цревниот систем на човекот. Лактофлор Пробиотиците содржат штамови на пробиотици Lactobacillus bulgaricus и Streptococcus thermophiles кои се регистрирани во Националната банка за пробиотици и клеточни култури. Лактофлор пробиотиците претставуваат патентирана комбинација која содржи само природни состојки и вклучува 4 уникатни штама: Lactobacillus acidophilus, Lactobacillus bilgaricus, Streptococcus thermophiles, Bifidobacterium spp во комбинација со природни влакна инулин кои го потпомагаат нивното благопријатно дејство.

Лактофлор пробиотиците се нов тип на функционална храна наменети за доброто здравје на современото  семејство, достапни во 3 форми: таблети за смукање, капсули и прашок за деца и достапни се во најблиските аптеки.

Бугарското кисело млеко е најстариот пробиотик направен од човекот. Уште од древното минато се користи како храна, која го подобрува здравјето и долговечноста. Всушност тој пробиотик преставува основа на целата гама на пробиотици од брендот Lactoflor. 

  • LACTOFLOR Пробиотиците го воспоставуваат балансот на цревната микрофлора и помагаат за подобрување на имунитетот и здравствениот статус. Тоа важи особено после конзумирање на антибиотици, кои буквално ги уништуваат добрите бактерии во организмот.
  • Околу 80% од имунитетот на човекот се наоѓа во цревата. Балансот на цревната микрофлора ни помага за подобрување на имунитетот. Со други зборови пробиотиците можат да помогнат за подобрување на здравствената состојба.
  • Помагаат за регулирање на тежината.
  • Присуството на инулин (природни фибри) го потпомага дејството на добрите бактерии во стомачно-цревниот систем на човекот.

 

Автор

Kendy

Скопје

Македонија