Наслов

Polleo Sport започна кампања за поддршка на младите спортисти во Македонија

Глобалната мултибренд продавница за спортска облека, исхрана и фитнес опрема Polleo Sport започна кампања за поддршка на младите спортисти во Македонија.

Целта на кампањата е да ги мотивира потенцијалните млади таленти преку донирање на бидони и суплементација во исхраната (минерали), кои се од особено значање за хидратација на спортистите во текот на тренажниот процес, со цел да се извлече максимумот од тренингот, како и да се постигнат подобри резултати. 

“Суплементацијата во исхраната е од особена важност за секој спортист, како и за рекреативците. Тимот на Polleo Sport е горд што може на ваков начин да помогне во поддршка за развој на спортот во Македонија. Среќни сме што вложуваме во идните генерации - спортисти во Македонија. Polleo Sport инвестира во подигнување на свеста за подобар, здрав и квалитетен начин на живот!” велат од Polleo Sport.

Polleo Sport ги поддржа - Кошаркарскиот клуб ВИБАС, Карате клуб Металург и Боксерски клуб Вели Мумин.

“Каратето е спорт и боречка вештина каде што се користи целото тело и еден од најважните делови е концентрацијата и навремена реакција. Но за да се биде на највисоко ниво не е доволен само напорен тренинг, делот што ја надополнува целата приказна е Polleo Sport и суплементите кои што ни недостасуваа.” вели каратистот Виктор Крстевски.

“Голема благодарност до тимот на Polleo Sport за оваа поддршка во развивањето на боксот во Македонија.” истакна Вели Мумин.

04 Март 2019

За авторот