Омега 3 не секогаш значи здраво

Она што е здраво за срцето, не секогаш значи дека е здраво за другите органи, произлегува од последната студија која вели дека омега 3 масните киселини го подигаат ризикот од рак на простата.

Безброј препораки, докторски совети, студии и едукативни текстови беа направени за позитивниот ефект на омега 3 масните киселини врз кардиоваскуларниот систем и Алцхајмер, поради што пазарењето и консумирањето на вакви суплементи и риба богата со омега 3 удри во плафон.

Сепак, нова студија објавена во Journal of the National Cancer Institute покажува дека овие масни киселини и не се баш добри кога станува збор за простата. Од испитувањето беше извлечен резултат дека оние луѓе со високи концентрации на омега 3 во крвта имале 43% поголем ризик за рак на простата.

Во студијата беа мерени омега 3 нивоата во крвта на испитаниците, но не беа земани информации за навиките за јадење со што според студијата не може да се направи разлика помеѓу ефектите на природните омега 3 и оние од суплементи. 

Докторите велат дека омега 3 масните киселини не се штетни, туку дека имаат посложен ефект во телото отколку што порано се мислеше. Иако нутрициенсите во рибата се борат против штетната хронична инфламација, тие може дополнително да ја зголемат оксидативната штета врз ДНК во клетките, што дава добра подолога за раст на канцерски клетки.

Ракот на простата е чест тумор кај машката популација особено во одминатата возраст. Иако голем дел од мажите може да го развијат, помал процент од ракот е со висок степен (high grade) што значи дека малиген.

Американското здружение за рак моментално не препорачува консумирање на суплементи од рибино масло кај постари мажи.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија