Суплементација - зошто постои општа збрка и конфузија и кратко појаснување за почетниците...

Што се тоа суплементи

Оваа статија ја објавувам за почетниците, кои тукушто започнуваат со приказната – ФИТНЕС И БОДИБИЛДИНГ. Причината која ме наведе да го напишам овој текст е тоа што многу “стручњаци” доведуваат до конфузија околу тоа што е “хемија”, а што суплементација (додаток во исхраната), па тука не се прави онаа огромна разлика помеѓу овие два поими. 

 

Ако овде го земеме во предвид и тоа дека сè поголем број лекари мислат дека знаат се за суплементацијата, а реалната ситуација е сосема спротивна ќе сватиме зошто поголем број почетници прашуваат дали може да се користи протеин на 16 години или дали од креатинот паѓа косата и тоа дали се оштетуваат бубрезите со внесот на суплементите. Па така, за сето ова да биде јасно кај секој почетник ќе ги наведам најважните информации околу ова често поставувано прашање.

Како прво, СУПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НЕ Е ХЕМИЈА!!! Не е ни близу, туку суплементите се природни додатоци во исхраната и нивното користење е скоро неизбежно ако сакате да успеете. Она што воглавно ги буни вежбачите се разните комбинации на суплементи што се користи, како и што е приоритет, а што не.

Суплементите се прилично скапи (за нашиот стандард), па воглавно тоа е основната причина зошто се гледа што попрво да се купи нешто што е приоритет. Според мене, на прво место би требало да биде Whey протеинот.

Зошто? Од причина што whey протеинот е многу важен како прв оброк после тренингот, за вашите мускули што поскоро добијат хранливи материи додека не стигнете дома и изедете квалитетен, цврст оброк, но да не се заборави и внесот на јаглехидрати кои овозможуваат поголем раст на мускулите и максимално искористување на протеинската храна во мускулите, а јаглехидратите да се користат како извор на енергија.

Whey протеинот во себе ги содржи сите квалитетни амино киселини, витамини и многу други потребни состојки, што со голема причина се става на прво место во секој спорт. Многу вежбачи грешат што мислат дека BCAA се поважни од него. Далеку од тоа дека не се важни но најдобро е да се комбинираат заедно со whey протеинот. ВСАА е збир на три многу важни амино киселини кои нашиот организам не ги произведува, но единствен правилен начин е да не ги одвојувате овие два суплементи, туку да ги комбинирате.

Потоа следат познатите прашања поврзани околу различните видови креатин, кои на нашиот пазар ги има толку многу што можат го да збунат секој, а поготово почениците. Која врста креатин да се користи, со што да се комбинира, кога да се користи, итн… Постојат безброј прашања, а одговорот е дека не треба креатинот да се користи како поединечен суплемент, бидејќи тој не прави чуда, туку влијае на зголемување на волуменот на мускулите доколку храната и останатите суплементи се добро комбинирани.

Доколку се земе само монохидрат може малку ќе се навлече вода и мускулите ќе изгледаат поголеми, но тоа е сè. После престанувањето на користење таа вода ќе се изгуби па се останува само во “место”. Додека останатите креатини можат да направат да се чувствувате како и да не сте ги користеле. Секој суплемент треба да се користи заедно со основите суплементи и добар начин на исхрана, за да има резултати бидејќи тоа е единствениот начин да бидете задоволни од користењето на некој суплемент.

 

Од сите суплементи кои ни се нудат, ако барате нешто чие дејство ќе го осетите веднаш, тоа се NO (nitric oxide) реакторите кои верувам дека имаат голема популарност скоро кај сите вежбачи, но се разбира понапредните.

Но тука треба особено внимание да се обрати при користењето кога станува збор за дозирањето бидејќи не се работи за суплементи како основните и може да дојде до несакани последици доколку дозирањето е на своја рака и ја преминува препорачаната доза назначена на самата етикета на производот.

И покрај тоа што овој вид на суплементи нудат голем волумен на мускулите, јачина, издржливост и сила, мора да се искомбинираат со добра храна и друга суплементација доколку навистина сакате успех.

ВАЖНО!!! Секој суплемент треба да се внесува како ДОДАТОК во редовната исхрана, а не да се заменува како оброк.