Наслов

Чекај, спанаќот содржи допинг супстанци?

Сите го знаеме цртаниот лик Попај и неговата неверојатна сила која ја добива откако ќе изеде конзерва спанаќ. Но дали е ова само мит или има вистина во целата таа приказна?

Студијата работена од страна на Универзитетот Фраие во Берлин носи конечен заклучок дека сусптанцата екдистерон (ecdysterone), која во изобилие се наоѓа во овој зеленчук, има сличен ефект како и стероидите и дека истата треба да се најде на листата на забранети сусптанци во спортот.

Истражувачите спровеле студија во која биле опфатени 46 спортисти кои тренирале три пати неделно во период од десет недели. На некои од нив им бил даван екдистерон во капсули (количина еквивалентна на консумирани 4 килограми сиров спанаќ на ден) додека на останатите им бил даван плацебо. По завршувањето истражувањето, спортистите кои биле "допингувани" со екдистерон имале значително подобрување на перформансите во бенч прес од оние кои земале плацебо.

Луѓето кои биле задолжени да го спроведат овој експеримент велат дека тие очекувале одредено подобрување на резултатите кај спортистите но дека ни одблиску не очекувале така драстечен раст на максималниот перформанс. Понатаму тие и сугерираат на Светската Антидопинг Агенција да ја стави оваа супстанца на листата на забранети бидејќи тој може да се купи во слободна продажба како суплемент а истиот има сериозно влијание врз спортските резултати.

Истражувањето делумно било финансирано од Светската Антидопинг Агенција - World Anti-Doping Agency (WADA).

05 Јули 2019

За авторот