Бор (B) минералиште

Важноста на Борот како минерал се промовира интензивно во последните години, заради неговата улога во здравјето на коскените и рскавични структури како и во комплексната стимулацијата на лачење на сексуалните хормони.

 Улога и Дефицит  

 

Некој истражувања ја потенцираат улогата на Борот во метаболизмот и искористувањето на витаминот Д на Калциумот, Фосфорот и Магнезиум во коските. При негово отсуство или дефицит овие минерали забрзано се исфрлаат преку урината па затоа има опасност од создавање на камен во бубрег. Освен овие позитивни страни на Борот истражувања извршени во 1989 во САД укажуваат на делувањето на Борот врз менталните функции на мозокот.  Кај мажите го подига нивото на тестостерон а кај жените го балансира нивото на естрогени. 

Заради неговите својства Борот се користи во превенција и лечење на остеопороза со дози од 3 мг дневно за да се надомести губењето на естрогени кај жените. Овој минерал во траги одлично се апсорбира во телото и вишокот се исфрла преку урината. Во додатоците за храна се почесто се наоѓа во облик на натриев борат додека во храната можеме да го најдеме во сојата, сувото грозје и смокви, кикирики, ореви и лешници

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија