Биди алфа со бета-аланин

Бета-Аланинот е неесенцијална аминокиселина и единствена бета аминокиселина која се создава природно. Во комбинација со хистидинот го формира дипептидот карнозин.

Тој не е од типот на аминокиселини кои придонесуваат за протеинска синтеза (градење на мускули), туку за зголемени перформанси на телото и неговите атлетски капацитети.

Внесот на бета-аланин преку исхраната е недоволен и за да се добие бенефит од него неопходна е суплементација.

Како бета-аланинот делува?

Бета-аланинот е чудесна бета аминокиселина која ако се користи во период од и над 10 недели може да ја зголеми концентрацијата на карнозин во мускулите дури до 80%. Најголема концентрација на карнозин е во големите и брзи мускулни влакна. Со тоа најголем бенефит од бета-аланинот може да се добие при високо интензивни тренинзи.

Зголемената концентрација на карнозин придонесува до зголемена сила, издржливост, го намалува заморот зголемувајќи ги анаеробните капацитети.
Бета-аланинот кај повеќето може да предизвика чувство на чешање и пецкање обично на рацете и лицето кое многу луѓе го сакаат, но на некои тоа им пречи. Важно е да се напомене дека тоа чувство не претставува никаков несакан ефект и дека обично по неколку дена континуирана употреба, интензитетот на тоа чувство станува се помал.

Ако барате екстра поттик за високо интензивните тренинзи и зголемена издржливост, тоа со сигурност може да биде бета-аланинот. Од голема важност е дека како најистражена и најефикасна форма на бета-аланин се покажува CarnoSynⓇ.

Препорачуваме Beta-Alanine (CarnoSynⓇ) патентирана форма на бета-аланин.

Препорачана употреба: Земете 2 капсули после појадок и 2 капсули 30-60 минути пред тренинг.

Автор

No Limit

Скопје

Македонија