Просо во црвена пиперка

Бидејќи македонштината е тешко да се искорени, а нема ни потреба, во сезоната на црвени пиперки освен ајвар можете да си направите и едно вакво рецептче. 

 
  • 200г просо
  • 100г кашкавал (може и урда)
  • 50г бадем тенко исецкан
  • 2 главици кромид
  • 2-3 чешниња лук
  • 200г шери или обичен домат
  • китка магдонос
  • маслиново масло
  • морска/хималајска сол
 

Пoдготовка

1. Просото се вари во предходно зовриена вода на среден оган, се цеди, а потоа исцедено се пржи на загреано масло 5 минути. Се додава малку вода (може и зеленчукова супа) и се вари уште 10тина минути.

2. Потоа се додаваат бадемите, сецканиот кромид, половина од ренданиот кашкавал, шерите, лукот, маслото и магдоносот.

3. Исечените пиперки по надолж се полнат со смесата, а одозгора се ренда другата половинка од кашкавалот.

4. Се пече 20 минути на 180 степени.