Зимска чорба

Здрава и препорачана витаминизирана чорба. Оди во комбинација со чипс од моркови.

 
  • 2 поголеми главици кромид
  • 2 компири
  • 1 главица целер
  • 50г излупени бадеми (се лупат лесно со предходно попарување во врела вода)
  • 1 морков
  • маслиново масло
  • листови од целер
  • бибер
  • морска сол
 

Подготовка

1. Компирот, целерот, морковот и бадемите се варат.

2. Кромидот лесно се пропржува.

3. Потоа сите состојки се блендираат во вода додека не се добие саканата густина.

4. Се ставаат на оган да зовријат, а потоа супата се трга од оган и се зачинува по вкус.

5. Кога ќе се подолади се додаваат маслиновото масло и ситно исецканите ливчиња целер.