За ладење во најтоплите летни денови

Наслов

Жетварска салата

Кога летото го достигнува пикот, време е за жетварска салата! Нашите предци ја користеле кога оделе на жетва и тоа во многу пооскудно издание, но тоа им помагало да останат силни и хидрирани во текот на целиот работен ден. Пробајте ја уште викендов, нема да зажалите!

 
 

Подготовка

1. Краставиците ситно се сецкаат (што поситно, толку поубаво).

2. Лукот се толчи со солта.

3. Се додава рузмаринот со сите останати состојки. Магдоносот ситно исецкан се додава најодозгора.

4. Едниот лимон се цеди и од него се додава сокот, додека другиот се додава ситно сецкан на коцки. 

5. Се додава оцетот и маслиновото масло со биберот.

6. Садот со состојките се прелева со вода и се додаваат што повеќе коцки мраз, се меша и тоа е тоа!

 

05 Јули 2013

За авторот