Ќофтести колачиња за забести бебиња од -Пријателите на Донев

Наслов

Здрави бебешки колачи

 

 
  • 300г 'ржано брашно
    200г мелени овесни снегулки
    1 кафена лажичка ладно цедено сончогледово масло
    1 пециво за печење со ванила
    1 голема лажица чија семе
    2 зрели банани (може печена или варена тиква)
    1 мала чаша оризово млеко
    снегулки од лимец (може било кои снегулки)
    врв од лажиче издробена крупна морска сол
 

Подготовка

1. Во еден сад се ставаат овесните снегулки, 'ржаното брашно, пецивото за печење, чијата, снегулките од лимец и солта.

2. Во друг сад се ставаат бананите, маслото и млекото.

3. Секој засебно се меша за да се добие хомогена смеса. А потоа садот со бананите, маслото и млекото се истура во садот со суви продукти.

4. Смесата убаво се меша и се остава да постои 15 минути.

5. Потоа се вадат мали делчиња, се оформуваат топчиња (или како сакате вие), се оптегнуваат малку и се ставаат во тава за печење.

6. Се печат минимум 30 минути на 180 степени целзиусови во рерна (Во Делимано тавата* се печат со вртење околу 30-40мин на среден оган).

7. Ако се идеално испечени треба да бидат ни меки ни тврди, а внатре тестото да не е живо.

* За овој рецепт се користи сад - Delimano Dry Cooker

 

03 Декември 2012

За авторот