Торта од интегрално оризово брашно и засладена од ливадски мед
Здрава и вкусна торта
Направете здрава и вкусна торта. А притоа не користете рафиниран шеќер и растителен маргарин.
- Пандишпан
- 8 jajca
- 2 г.лажички мелено семе лен
- 3 големи лажици мед
- 2 банани
- 120 гр ореви
- 120 гр Интегрално оризово брашно
- 3 урми
- Фил
- 800 мл млеко
- 10 г.л чиа семе
- праски
- 100 гр бадеми
- 6 урми
- 3 г.л мед
Подготовка
1 Ги делите жолчките од белките, посебно ги матите. Откако ке се згуснат белките додавате 2 лажици мед, а во жолчките 1 лажица мед, и продолжувате да матите се додека убаво се соединат.
2 Со лажица ги мешате заедно ја додавате пасираната бананата, пецивото, интегралното оризово брашно, оревите, урмите, мелениот лен и се заедно мешате. Се става во калап, и се пече на 180 степени C.
3 За да го приготвите филот во длабок сад ставате млеко ја ставате чијата и повремено мешате, чијата треба да набабри и откако ќе набабри, ги мелете бадемите заедно со урмите и ги доадавете во смесата заедно со медот и изблендираните праските.
4 Мешате за убаво да се соединат состојките.И откако ќе се згусне филот. Го нанесувате на пандишпанот.
5 Декорирате со бадеми и мед.