Запечен спанаќ со сирење

Ако минатите денови ви поминаа во конзумирање потешки оброци, денес можете да пробате една полесна и брза вегетаријанска варијанта што ќе ви даде енергија за тренинг, а сепак ќе се чувстувате лесно… се разбира, количината треба да биде соодветна за килажата на конзументот.

 

 
  • 1 кг спанаќ
  • 300 г млеко
  • 200 г сирење
  • 2 лажици путер
  • 2 лажици брашно
  • сол, бибер
  • мускатно оревче
 

Подготовка

1. Спанаќот се мие и се обарува во солена вода. 

2. Во посебен сад се растопува путерот, се додава млекото, брашното, се загрева со постојано мешање додека да се згусне и се зачинува.

3. Во намастено тавче со путер се мешаат спанаќот, сосот и изренданото сирење и се печат на 180 степени, околу 30 минути.