Зачините на вашето здравје

Следуваат неколку зачини кои освен вкус додаваат и здравствени придобивки во вашите кулинарски креации.

Се почесто се прават испитувања за антиканцерогените и здравствените придобивки кои ги даваат зачините како што се циметот, куркумата, кимот, а препораките се овие неколку зачини редовно да се консумираат за дополнителна доза на вкусови, но и здравје.

Кардамом

Зачин кој долго веќе се користи од страна на натуропатите и традиционалната кинеска медицина. Има антиоксидациски и антиинфламаторни способности кои се засилуваат во комбинација со црниот бибер според истражувањата и ја подобруваат активноста на природните клетки убијци.

Лут црвен пипер

Капсаицинот, компонентата која го дава лутиот вкус на овој зачин, делува аналгетично преку блокирање на болните сигнали кој патуваат до мозокот. Исто така помага за подобрување на циркулацијата, но ја олеснува и дигестијата.

Цимет

Сладок и интензивен, но со антибактериски моќи. Циметот е еден од најупотребуваните зачини во кинеската традиционална медицина поради неговите силни антиоксидациски моќи. Неколку студии покажале дека циметот има регулирачко и стабилизирачко дејство врз шеќерот во крвта, па се препорачува кај лица кои патат од дијабетес. Високи дози на цимет може да бидат токсични.

Коријандер

Овој зачин е богат со витамините А и К. Неговиот вкус е одлично надополнување за различни сосеви и макалца, а покрај тоа изобилува и со биоактивни компоменти кои се проучуваат како можни антиканцерогени агенси.

Коморач

Исушените семчиња и маслото од коморач одамна се користат во медицински цели. Активната компонента анетол има антимикотично и антибактериско дејство.

Ѓумбир

Најчесто се користи за третирање на стомачни тегоби и гадење, меѓутоа благодарение на неговите 115 активни компоненти делува и како ефикасен антиинфламаторен агенс. Истражувањата покажуваат дека ѓумбирот со неговите биоактивни комопоненти помага во супресијата на неколку различни тумори.

Шафран

Масовно користен во индиската кујна како зачин, но и за пребојување на десерт. Содржи повеќе од 150 биоактивни комопоненти, а од неодамна се истражува и неговата способност да ја зголеми хемосензитивноста на клетките на ракот.

Куркума

Моќен антиинфламаторен агенс, со ветувачки антиканцерогени својства. Студиите покажуваат дека  може да го успори метастазирањето на ракот на дојка во оддалечените ткива и органи, но исто така и ја помага ефективноста при хемотерапија.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија