Пита со компир, зеленчук и јајца

Вкусна пита што лесно се подготвува, но и лесно ќе ве засити како комплетен оброк. Уживајте!

 
  • 1кг компир
  • 2 кромиди
    2 мали тиквички
  • 10 јајца
  • 4 големи лажици маслиново масло
  • 500г урда
  • 2 грста сецкани маслинки
  • 1/2 лажица бибер
  • 1 лажица кари 
  • (за 4-6 оброци)

Подготовка

1 Компирите, тиквичките и кромидот се лупат, се секаат на помали коцки и се ставаат во тава.

2 Се посолуваат малку, се премачкуваат со масло и се печат во рерна на 220 степени додека компирот не биде готов (околу 35-40 минути).

3 Во подлабок сад се ставаат јајцата се матат убаво, а потоа се додава урдата и маслинките.

4 Заедно се мешаат за да се добие похомогена смеса и се посолуваат по желба. 

5 Кога компирот ќе биде спремен, тавата се вади и во неа се додава смесата со јајце. 

6 Се пече уште 10-тина минути додека не се испече убаво и јајцето.