Виенска тава со компири

Вкусен додаток за добро парче месо или целосен вегетаријански оброк…

 
  • 1 кг компир
  • 2 страка праз
  • 1 јајце
  • 2 лажици путер
  • 2 лажици маслиново масло
  • 150 грама сирење
  • 2 лажици брашно
  • 1/2 литар млеко
  • ким, мајоран, бибер
 

1. Компирите се сечат на кругови и се посолуваат.

2. Им се додаваат зачините, бибер, мајоран и ким и се промешуваат, а потоа се редат во тавче.

3. Празот ситно се сецка и се пропржува околу 5 минути, се налева млекото и се додава брашното. Кога млекото ќе зоврие се додава смесата од јајце и дробено сирење.

4. Интензивно се меша, а со добиената смеа на крај се прелеваат компирите.

5.Се пече на 200 степени 30-40 минути.