Христос Воскресе

Велигденска плетенка

Ви посакуваме среќни Велигденски празници!

 
  • 1/2кг брашно (какво сакате, можете и во комбинација со интегрално)
  • 1 коцка свеж квасец
    300г млеко (какво сакате, може и со соино или бадемово)
  • 200г кафеав шеќер
  • 2 жолчки
  • 50г путер
  • 1 лажичка морска/хималајска сол
  • изрендана кора од 1 лимон
  • 100г суво грозје
 

Подготовка
 

1. Со сите состојки се замесува тестото (млекото треба да биде стоплено) и се остава да кисне.

2. Се размесува 2 пати и се дели на 3 дела за да се сплете плетенката.

3. Се премачкува со белката од јајцата.

4. На крај се украсува со мак, сусам и по желба може да се паркира и едно црвено јајце.

5. Се пече на 180 степени околу 60 минути.