Веге тавче со коприви

Супер вкусна пита за секое место и во секое време! 

 
  • 600г зеленчук (КОПРИВА/неколку раце, компир, ориз, морков, млади кромидчиња, млад лук)
  • вода
  • крупна морска сол
  • бибер по желба
  • кашкавал или сирење (количина по потреба) 
  • 1 јајце
  • кисело млеко, павлака или јогурт како прилог
 

Подготовка

1. Копривата се бланшира 5 минути во солена вода, а потоа се сецка на мали парченца.

2. Во тенџере се ставаат сите зеленчуци, сецкани или рендани заедно со копривата и се динстаат во вода додека не испари за малку да омекнат. 

3. Се зачинува по вкус со сол и бибер.

4. Целата маса (пирето) се дели на 2 дела. Првиот се става во малку намастено тавче, потоа се редат плочки кашкавал (или сирење), а на крај се покрива и со останатото пире. 

5. Се пече во рерна загреана на 180 степени околу 20 минути.

6. При крај се ренда уште малку кашкавал и се полева со едно изматено јајце.

7. Се служи со кисело млеко, павлака или јогурт.