Наслов

Веге полнети пиперки

 
  • 6 поголеми пиперки
  • 1 главица кромид
  • 2 поголеми моркови
  • 2 чешниња лук
  • 300г печурки (шампињони, шитаке)
  • 1-2 компири (може и благ компир)
  • 2 големи лажици просо
  • 1/2 литар сок од домати
  • крупна морска сол и бибер по желба
  • маслиново масло за готвење
 

Подготовка

1. Сите состојки се рендаат и се динстаат на малку масло до омекнување. 

2. Пиперките се полнат со смесата, се редат и се прелеваат со сокот од домати.

3. Се печат во рерна околу 30-40 минути на 200 степени.

4. Јака работа... здрави, пријатни тонови на мирис и вкус, а визусот си е гратис!

Уживајте!

01 Март 2013

За авторот