Веге лазања
Екстра здрава и зелена замена на масните болоњезе лазањи.
- Пакетче лазањи
- 500g спањаќ
- 2 мали главици кромид
- 300g свежи шампињони
- 300g бело сирење
- 100g биено сирење
- 1/2 литар млеко
- 30g путер
- една лажица брашно
- сол, бибер
Подготовка
1. Најпрво го подготвувате бешамел сосот. На тивок оган растопете го путерот, кога ќе почне да пени додадете го брашното и промешајте за да не се направат грутчиња, потоа налејте го млекото и мешајте додека сосот не си ја добие потребната густина.
2. Во друго тавче, на загреано масло пржете го кромидот додека не зарумени, додадете ги шампињоните исецкани на ливчиња, а потоа и спањакот.
3. Во огноотпотен сад наредете од лазањите да го покријат дното, потоа прелијте со малку бешамел, ставете од филот со спањаќ и изрендајте бело сирење, па наредете нов ред лазањи и така натаму додека не ги потрошите филот и сосот.
4. Завршете со ред од лазањи и прелијте ги со последната количина бешамел. Изрендајте биено сирење и печете во рерна на 220 степени околу половина час.
Добар апетит!