Вафли по рецептот на баба

По еден стар рецепт од домашниот готвач, овие вафли се одлична подлога за мармалад, путер или мед…

 
  • 4 јајца
  • 4 шолји кафеав шеќер
  • 3 шолји млеко
  • 3 шолји масло
  • 12 шолји брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 2 лажички рендана кора од лимон
 

1. Јајцата се матат со шеќерот и ренданата кора од лимон, се додава масло и млеко. 

2. Во друг сад се мешаат брашното со прашокот за пециво, па се соединуваат течните и сувите состојки.

3. Ние користевме гусана преса и дрва за печење на вафлите на домашната скара, можете истото да го направите во тостер или во специјална преса за вафли.