Тркачки бомбици
Ако сте на трк, ова е правата бомбица за енергија и ситост во стомачето.
- 300 грами пченица
- 200 грами урми
- 100 грами суви смокви
- овесни снегулки
Пoдготовка
1. Пченицата се вари и се иседува од вишокот вода. Кога ќе се излади се меле во специјална машинка за мелење месо заедно со урмите и смоквите.
2. Добиената смеса убаво се измесува со раце и од неа (со навлажнети раце) формираме топчиња.
3. Секое од топчињата го валкаме во овесни снегулки.