Тавата на Рататуи
Сезонски обоен зеленчуков рецепт…
- 1 модар патлиџан
- 1 млада тиквичка
- 1 црвен кромид
- 2 компири
- 1 голем домат
- 1 пиперка
- сол, бибер, маслиново масло
- прелив: сок од 1/2 лимон се меша со лажичка мед и кора од 1 рендан лимон
- 50 грама кашкавал
1. Зеленчукот се мие темелно и се лупи по потреба, се сечка на кругови.
2. Крукчињата зеленчук се редат во огноотпорен сад. Зачинувате по вкус со сол и бибер, се налеваат 100 мл вода и неколку лажици маслиново масло.
3. Тавата се пече на 200 степени 45 минути, а потоа се додава ренданиот кашкавалот и преливот од лимон и се допекува уште 5 минути.