Сушени пиперки во доматен сос

Трошење на зимските залихи на суви црвени пиперки по брза, ама вкусна постапка…

 
  • 10тина суви пиперки
  • 500 мл сос од домати
  • 5-6 чешниња лук
  • 1 лажичка сув магдонос
  • сол
  • масло за готвење
 

1. Пиперките се мијат во топла вода и се сецкаат на парчиња.

2. На загреано масло се пржат две до три минути, па се налева доматното пире.

3. Со повремено мешање на тивок оган се крчка околку 10тина минути, а на крај се зачинува по вкус.