Супа со икра
Не ја испуштајте можноста да ги припремите случајно најдените икрички и млечот (од било која свежа риба) во една прекрасна, здрава супа… Загарантирана квалитетна вечера по вашиот тренинг.
- колку што имате икра од свежа риба
- 100г просо
- 1кг кромид
- малку свеж ѓумбир
- 2 млади лукчиња или 2 чешниња стар лук
- 2 моркови
- малку магдонос
- сол и бибер според вкус
- маслиново масло
Подготовка
1. Сецканиот кромид, лук, морков и ѓумбир се пропржуваат.
2. Се додава 500мл вода и икрите за да повријат околу 15-20 минути.
3. Потоа додадете го просото, по кое супата се вари уште 10тина минути.
4. На крај, кога супата повеќе не врие, се додава магдоносот заедно со сол и бибер.
5. По желба можете да исцедите и малку лимон.