Интересни и несекојдневни!
Солени залачиња од тиква
Несекојдневни лапни-голтни залачиња за оние што сакаат да експериментираат со вкусови. Хранливите бенефити се присутни како и да е…
- 1кг тиква
- 300г урда
- 100г кашкавал
- 1 јајце
- 3-4 лажици интегрално брашно
- 2-3 лажици маслиново масло
- сол, бибер
Подготовка
1. Тиквата се чисти и сецка на поситни парчиња. Се вари во солена вода. Кога ќе омекне ја цедиме и пасираме во пире.
2. Во подлабок сад ја додаваме тиквата, другите состојки и половината од ренданиот кашкавал. Формираме топчиња и ги вариме во солена вода 5-10 минути.
3. Топчињата ги редиме во намастен огноотпорен сад и ги печеме во загреана рерна на 200 степени, околу 10 минути.
4. Готовите залачиња се повкусни откако ќе се изладат и одлично одат во комбинација со соја сос.