Сочен куглоф со тиквички

Одлично викендашко мезе за целото семејство/пријатели. 

 
  • 3-4 тиквички
  • 100-200г сирење (било какво, а може и микс)
  • неколку лажички песто*
  • (полнење)
  • 1 кромид
  • 1 морков
  • 1 корен од целер
  • 2 домати
  • сол, бибер и луто по мерак
  • * тупано лукче, босилек, сол и бибер
 

Подготовка

1. Средниот, поширок дел од тиквичката се сече на ленти и истите во солена вода се бланшираат. 

2. Потоа се ставаат во ладна вода, се цедат и се сушат.

3. Се редат во куглов-тепсија (како на сликата), а останатите делови од тиквичките се сечат на коцки и се пропржуваат на масло со пестото.

4. Сирењето се ситни, па се посипува врз наредните листови.

5. Внатрешните продукти се покриваат со листовите од тиквички и се печат на 180 степени околу 10тина минути. 

6. На крај куглоф-от превртува во порција за служење. 

Додаток

1. Кромидот, сецканиот морков и целерот се пропржуваат, а потоа се додава патлиџан во било каков облик.

2. Смесата се вари до згуснување, а на крај се додаваат и миродиите.