Течна гоџи енергија

Витаминска бомба, минерали на претек и антиоксиданси во една чаша, а дополнително добивате и ароматерапија. Пробајте ја нашата течна енергија…

 
  • 5 големи лажици сушени гоџи бобинки или свежи
  • 1 лимон
  • 2 лажици мед
  • 2-3 см ѓумбир
  • гранче нане
 

1. Доколку користите сушени гоџи бобинки потопете ги со чаша млака вода, 10 минути пред да си подготвите од течната енергија.

2. Лимонот се цеди, а ѓумбирот се лупи и ситно се сецка или може да го изрендате.

3. Сите состојки, заедно со течноста од гоџи бобинките, се ставаат во блендер и кратко се блендира или додека убаво не се соедини.

Предлог рецепт за уште повеќе гоџи: БИО БОМБИЦИ СО АМАРАНТ И ГОЏИ