Смути од диња

Вусно и летно, освежете се и витаминизирајте се уште денес!

 
  • 1 диња
  • 200 мл сок од сливи
  • 1 лажица мед
  • листови нане
  • семки од тиква
  • црно семе
 

1. Дињата се сече на половина и се вадат семките и внимателно со лажица се вади содржината.

2. Сите состојки се ставаат во блендер и се блендира додека да се добие смути.

3. Се декорира со нане, црно семе и семки од тиква.

4.Кората искористете ја за да послужите. Уживајте!