Смути ЛАВ

Гледаме максимално да го искористиме сезонското овошје, зеленчук и растенија. Во ова смути специјалниот момент е сирупот од лаванда кој на смутито му даде неповторлив вкус. 

 
  • (доза за 4 мали чаши)
  • 1 шолја кајсии
  • 1 шолја крупна боровинка
  • 2 банани
  • неколку листови зеленолисест зеленчук (кељ, спанаќ, блитва и сл.)
  • грст бадеми
  • 1 лажица гоџи бобинки
  • 1 лажица мелен лен
  • 1 лажица мелен сусам
  • 3-4 семки сурово какао
  • (сируп од лаванда)
  • мала китка свежа лаванда
  • 2 лажици мед
  • 1 мала шолја вода
 

Подготовка

1. Сите состојки се ставаат во блендерот и се пасираат додека да се добие хомогената смеса. Се оставаат по неколку гоџи бобинки за декорација.

(сируп од лаванда за прекрасен шмек)

2. Цветовите од лавандата заедно со медот се ставаат во зовриена вода да провријат 2-3 минути.

3. Потоа се цеди, и течниот остаток се користи како сируп за засладување и шмек за паметење.