Слатки кнедли

Прекрасен зимски десерт што може да послужи и како оброк. Ако ви доаѓа премногу презла и шеќер, секогаш можете да ги изроните од кнедлата за да и ја намалите калориската вредност. 

 
  • (состојки за тестото)
  • 500г варен компир
  • 150г интегрално брашно (оризово, јачменово, ржано)
  • 1 мала лажичка путер
  • малку природна сол
  • 2 жолчки
  • (полнење)
  • 20 суви сливи
  • 50г гоџи бобинки
  • цимет
  • (валкање на кнедлите)
  • 100г темен шеќер
  • 100г презла
  • 80г путер
 

Подготовка

1. Варениот компир се гмечи како за пире и во него се додаваат сите состојки за да се замеси тесто.

2. Се развлекува во дебелина од околу 7милиметри и се сечат парчиња 7×7 сантиметри. 

3. На нив се редат сливите и гоџи бобинки и се попрскуваат со малку цимет. 

4. Се формираат во рака фини топчиња и се редат на наросено брашно за да не се залепат.

5. Се спуштаат нежно во зовриена вода и се варат околу 5 минути, кога кнедлите сами ќе испливаат на површина.

6. Така топли се вадат и веднаш се перпелкаат во предходно стопен путер на кој се додава и презла. 

7. Кога ќе се оладат малку се валкаат во кафеав шеќер.