Сладоледна бомбица

Со листањето на вегански десерти добив идеја да го направам ова чудо, нешто помеѓу сладолед и бомбица (необликувана), со продуктите што ги имав во моментот. Спонтано излезе многу вкусно, брзо е за правење, енергетски потковува, а здраво е до бесвест… па затоа решив да го споделам и со Вас!

 
 

Подготовка

1. Едноставно, сите продукти ги ставате во блендер и пасирате додека не ја добиете посакуваната смеса.

2. Додавате млеко од бадем за да ја разредите смесата, но не треба да ви стане премногу кашеста.

3. Смесата ја ставате во соодветен сад со поклопец, а потоа малку во замрзнувач за да биде потврда и освежителна. Но нема да згрешите ако ја пробате и веднаш!

4. Пожелно е побрзо да се изеде, но мислам дека ова нема да ви биде проблем.