Сендвич во стек

Одлично спортско ручече, лесно за транспорт, а тешко на протеини…

 
  • 2 пилешки стека
  • 20 грама сирење
  • 1 домат
  • 2 лажици сенф
  • 1 кромид
  • магдонос
  • сол и бибер
 

1. Стекот се пече на скара.

2. Ладниот стек се сече надолжно но не целосно.

3. Се премачкува со сенф и се полни со парче сирење, кромид и тркалце домат.

4. Зачинувате по желба со сол и бибер и се додава малку магдонос за декорација и раззеленување.