Салеп
Задолжителен дел од вашето зимско мени…
- 2-3 лажички салеп
- 200 мл млеко или вода
- може и мешавина од двете пола-пола
- шеќер или стевија по желба
- цимет
Да не ја заборавиме оваа вкусна зимска пијачка за стоплување. Во многу земји на истокот, пред се во Турција салепот е традиционална пијачка а ритуалот на спремањето само ги надополнува задоволствата.
Загрејте ја течноста, додадете го салепот и засладувачот, мешајте непрекинато додека малку да згусне, претурете во убава шолја по ваша мерка и наросете цимет.
Со своите хранителни и лековити својства препорачан е и како одличен спортски напиток најчесто после напорни телесни активности во зимски периоди кога ефикасно врши надополна на гликогенското депо.