Зимска салатка со прокељ

Зимска шарена салатка на која одлично и прилега една чаша црвено вино.

 
  • 300г прокељ
  • 1/2 јаболко исецкано на тенки стапчиња
  • 1 морков рендан на крупно
  • 50-100г сува сланина.. панцета
  • 50-100г ореви сецкани на крупно
  • 100г сирење по избор, се сече на коцки
  • маслиново масло
  • лимонов сок
  • крупна морска сол по желба
 

Подготовка
 

1. Прокељот се бланшира (3минути во солена зовриена вода), а потоа веднаш се лади во студена вода. На крај се сецка на кругови.

2. Сланината се пржи на тенки ленти…

3. Оревите се потпржуваат во маснотијата од сланината.

4. Потоа сите состојки се мешаат со лимонов сок и масло, и се посолуваат по желба.