Салата со булгур
Од исток кон запад булгурот си е познат по своите здравствени придобивки, а оваа салата дополнително ќе ве освежи со витамин Ц од портокалот.
- 200 грама булгур
- 3 портокали
- 1 китка магдонос
- морска сол
- маслиново масло
Подготовка
1. Булгурот се вари во солена зовриена вода околу 10 минути и се трга на страна за да набабри.
2. Портокалите се лупат и се сецкаат на коцки, магдоносот се иситнува.
3.Се мешаат со исцедениот булгур и салатата се полева со неколку лажици маслиново масло.