Салата со леќа од Радица за К4Т.МК

 
  • 1 шоља леќа
  • 1 главица сецкан црвен кромид
  • малку бело сирење исецкано на коцки
  • сушени домати од тегла (има во Веро)
  • маслиново масло
  • крупна морска сол и бибер по вкус
  • 1 лажица оцет
  • 2 лажици балсамико
  • ситно сецкан магдонос
 

Подготовка

1. Леќата се вари на вообичаен начин, во вода со малку сол, но внимавајте да не ја преварите. Минутите на варење зависат од типот на леќата.

2. Откако ќе се свари треба да се исцеди и да се излади.

3. Во садот во кој ќе ја сервирате салатата се става ладната леќа и се додаваат останатите продукти. 

4. Магдоносот се става последен.

 

Ќе се согласите со мене дека оваа салата е здрава, вкусна и лесна за подготовка.
 
Добар апетит.