Салата од буковка со лешници
Убава салатка која може да замени и ручек.
- 300 грама буковка
50 грама крупно мелени лешници
1/4 кромид
2-3 чешниња лук
магдонос
сок од 1/2 лимон
2 црвени лути пиперчиња
1 лажиче коријандер
сол, бибер
маслиново масло
1. Буковката се проварува 5-10 минути во зовриена вода, а потоа се прецедува. Внимавајте да не ја преварите.
2. Пиперчињата и магдоносот ситно се сецкаат, а лешниците се мелат на крупно.
3.Кромидот се сецка на полумесечинки и сите состојки лесно се промешуваат, а на крај се зачинува со сол, бибер, маслиново масло и лимон.