Рузмаринки

Одлични колачиња за старт на денот со шолја утринско кафе.

 
  • 180г брашно
  • 2 лажици свеж иситнет рузмарин
  • 120 грами путер
  • 60 грами кафеав шеќер (или агавин сируп или мед)
 

Подготовка

1. Се мешаат брашното и рузмаринот. Путерот и шеќерот пенасто се матат.

2. Го додаваме брашното и замесуваме тесто во дебелина од 1,5 цм.

3. Со калапче вадиме форми и ги редиме во тепсија обложена со хатртија за печење.

4. Се печат 10-15 минути додека не заруменат.