Ролнички од млада тиквичка

Вкусно мезе кое лесно може да биде дел од првомајското мени…

 
  • 1 тиквичка
  • 50 грама кашкавал
  • павлака
  • магдонос
  • маслинки
  • бибер
  • стапчиња за ражничи
 

1. Тиквичките се сечат на тенки ленти по должина, најлесно со алатка за лупење. Се печат на скара неколку минути.

2. На секоја лента се става по едно стапче кашкавал и се прави ролничка. Неколку ролнички се боцкаат на стапче за ражничи и за декорација се додава по една маслинка.

3. Одозгора како прилог се додава павлака, сецкан магдонос и мелен црн бибер.