Ролнички од краставица
Вкусно летно мезе…
- 1 краставица
- 50 грама козјо сирење
- 1 морковче
- неколку шери доматчиња
- сол и бибер
- нане
- маслиново масло
1. Краставицата се сече на тенки ленти со помош на алатка за лупење.
2. Сирењето се ситни на коцки и се зачинува со бибер, нане и сол по вкус.
3. Секоја краставица се полни со сирење и се прави ролничка која се зацврстува со дрвена чепкалка.
4. Одозгора се декорира со тракички од морков и шери доматчиња. На крај се попрскува маслиново масло…