Наслов

Рикота ама наша

Оригиналната рикота се прави од сурутка, но за нас и ова беше супер кулинарско искуство. Ако имате рецепт за рикота од сурутка слободно споделете.

 
  • 1 литар млеко
  • 1/2 лажичка сол
  • сок од половина лимон
  • газа со поголем размер
 

Подготовка

1. Млекото со солта и лимонот доведете го до зовривање, а потоа намалете ја температурата и варете неколку минути додека да се формираат грутки.

2. Во поголем сад поставете цедалка и врз нејзе газа.

3. Истурете го млекото и почекајте дваесетина минути за сирењето убаво да се исцеди.

4. Соберете во сад и правец во фрижидер или уживајте во млечниот вкус на рикотата.

03 Август 2013

За авторот