Рибја чорба

Чорба за душа и за срце!

 
  • (за 4 порции)
  • 2 пастмки..порцијаши
  • 1 литар вода
  • 1 лажичка крупна морска сол
  • 2 лажици маслиново масло
  • 3-4 моркови
  • 4-5 млади кромиди
  • 2 лажици брашно
  • 1 јајце
  • 3-4 лажици павлака
 

Подготовка

1. Рибата се сече на парчиња и се става во солена вода да зоврие 10-15 минути, а потоа се вади од водата.

2. Во друго тенџере се става масло и брашно и лесно се пропржува.

3. Потоа се додава водата од рибата.

4. Се додаваат и сецканиот кромид и моркови и се варат додека не омекнат (15тина минути)

5. Во меѓувреме се додава и рибата.

6. На крај, чорбата се полева со изматено јајце и павлака.