Риба и благ компир во фолија
Брзо и вкусно нискокалорично рецептче.
- 1 поголема пастрмка
- 1 поголем благ компир
- рузмарин
- лимон
- маслиново масло
Подготовка
1. Пастрмката прво се премачкува со смеса од рузмарин, лимонов сок и маслиново масло.
2. Компирот темелно се мие.
3. Заедно се виткаат во алуминиумска фолија и се печат 35-40 минути на 200 степени.
4. Пред крај се одвиткуваат за да фатат малку коричка.